Компанијата Пакомак се приклучи во интернационалната мрежа за управување со амбалажен отпад Пројуроп. Со зачленувањето во Пројуроп, Пакомак добива лиценца за користење и примена на општоприфатениот симбол Греен Дот. Тоа значи дека има платено финансиски надомест на лиценцирана компанија за управување со амбалажниот отпад и оти ги почитува еколошките стандарди дефинирани со закон според директивите на ЕУ. Директорот на Пакомак, Филип Ивановски посочи дека компанијата во овие шест месеци колку што функционира има поставена мрежа на партнери кои ќе работат во системот на Пакомак во собирање, селектирање, транспорт и рециклирање на отпадот.
Компанијата Пакомак се приклучи во интернационалната мрежа за управување со амбалажен отпад Пројуроп.
Со зачленувањето во Пројуроп, Пакомак добива лиценца за користење и примена на општоприфатениот симбол Греен Дот. Тоа значи дека има платено финансиски надомест на лиценцирана компанија за управување со амбалажниот отпад и оти ги почитува еколошките стандарди дефинирани со закон според директивите на ЕУ.
Директорот на Пакомак, Филип Ивановски посочи дека компанијата во овие шест месеци колку што функционира има поставена мрежа на партнери кои ќе работат во системот на Пакомак во собирање, селектирање, транспорт и рециклирање на отпадот.
- Пакомак соработува со компании кои се легални постапувачи со отпад, значи кои имаат соодветни дозволи од Министерството за животна средина и просторно планирање - рече Ивановски додавјаќи дека еден нивните приоритети е максимално да се легализира постоечкиот тек на отпадот.
Тој нагласи дека со рециклирањето на отпадот се продолжува животниот век на депониите, односно дека се депонира само она што неможе да се рециклира.